Фото : Архива

Трамп го смени рецептот за „кока-кола“, ќе се користи шеќер од трска, наместо сируп

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се договорил со компанијата „Кока-Кола“ да користи шеќер од трска наместо сируп од пченка со висока содржина на фруктоза во нивниот истоимен газиран пијалак, објавија светските агенции.

„Разговарав со Кока-Кола да користи ВИСТИНСКИ шеќер од трска во кола во САД и тие се согласија да го сторат тоа“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл, информира БТА.

Тој им честиташе на раководителите на концернот, ветувајќи дека за нив ова би била „многу добра одлука“.

Во соопштението, „Кока-Кола“ му се заблагодари на Трамп за неговиот „ентузијазам за нашиот иконски бренд“ и додаде дека наскоро ќе сподели „повеќе детали за новите иновативни понуди во производствената линија на Кока-Кола“, без да потврди какви било промени во состојките.

Во неколку земји, вклучувајќи ги Мексико и Австралија, „Кока-Кола“ се прави со шеќер од трска, за разлика од американската верзија, која користи поевтин и подолготраен сируп од пченка со висока содржина на фруктоза.

Компанијата сè уште им нуди на своите американски клиенти пијалак со вистински шеќер со увоз на „кока-кола“ во стаклени шишиња од Мексико.

Во исто време, враќањето на шеќерот во производството на САД може да им наштети на производителите на пченка, чии култури се користат во вештачки засладувачи.

„Заменувањето на сирупот од пченка со висока содржина на фруктоза со шеќер од трска нема смисла“, рече Џон Боде, претседател и извршен директор на Здружението на преработувачи на пченка.

Самиот Трамп е познат по тоа што пие диетална „кока-кола“, верзија на пијалакот без шеќер, вештачки засладена, и е толку голем обожавател што има црвено копче на своето биро во Овалната соба кое го притиска за батлерот да му го донесе пијалакот.

Во 2018 година, „Њујорк тајмс“ објави дека тој пие по десетина диетално „кока-коли“ дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот