Доналд и Меланија Трамп / Фото: Profimedia

Трамп бара Еј-би-си да го отпушти Џими Кимел по шегата за Меланија

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на „Трут сошл“ по шегата на Џими Кимел за Меланија Трамп, направена два дена пред пукањето на вечерата на дописниците од Белата куќа во хотелот „Хилтон“. Трамп го нарече Кимел неуспешен комичар и побара Дизни и Еј-би-си веднаш да го отпуштат.

И Меланија Трамп денеска ја повика телевизијата Еј-би-си да одговори на коментарите на водителот Џими Кимел во кои тој ја нарече „вдовица во исчекување“ откако неговиот монолог беше емитуван пред пукањето на годишната вечера на Здружението на дописници од Белата куќа.

„Аууу, Џими Кимел, кој воопшто не е смешен, што го потврдуваат неговите ужасни телевизиски рејтинзи, даде изјава во својата емисија што е навистина шокантна. Тој прикажа лажно видео од првата дама Меланија и нашиот син Барон како всушност да седат во неговото студио слушајќи го како зборува, што не се и никогаш не би биле“, додаде Трамп.

Трамп потоа ја цитираше шегата на Кимел за Меланија:

„Потоа рече: „Нашата прва дама Меланија е тука. Погледнете ја Меланија, таа е толку убава. Госпоѓо Трамп, имате сјај на идна вдовица.“ Еден ден подоцна, рече Трамп, „лудак се обиде да влезе на вечерата на дописниците од Белата куќа, вооружен со пушка, пиштол и многу ножеви“. Тој додаде дека напаѓачот бил таму „од многу очигледна и злокобна причина“.

Во емисијата, Кимел ја пародираше вечерата на дописниците од Белата куќа и прикажа лажна снимка од првата дама Меланија Трамп и нивниот син Барон, како да седеле во студиото и го слушале неговиот монолог.

Трамп тврди дека Меланија и Барон не биле таму и никогаш нема да бидат. Меланија Трамп, исто така, го критикуваше Кимел за истата шега, нарекувајќи ги неговите забелешки „омразни и насилни“. Таа ја повика телевизиската компанија Еј-би-си да одговори на неговото, како што рече, „неприфатливо однесување“.

Во саботата имаше пукање на вечерата на дописниците од Белата куќа, а Трамп и Меланија не беа повредени. Според информациите, осомничениот, Кол Томас Ален, бил совладан во близина на скалите што водат до салата каде што се одржувала вечерата.

Во објавата, Трамп им се заблагодари на луѓето кои, како што тврди, се огорчени од „одвратниот повик на насилство“ на Кимел. Тој рече дека вообичаено не би реагирал на она што го кажува Кимел, но дека ова е „далеку надвор од границите“.

„Целам што толку многу луѓе се огорчени од одвратниот повик на насилство на Кимел и нормално не би одговорил на ништо што тој го кажа, но ова е премногу неприфатливо. Џими Кимел треба веднаш да биде отпуштен од Дизни и Еј-Би-Си“, рече Трамп.

 

„Меланија е вдовица во исчекување“: Првата дама на САД во војна со Џими Кимел

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот