Трамп: Ако победи Бајден, спремете се да учите кинески јазик!

Американците ќе мораат да учат кинески јазик ако Џо Бајден биде избран за претседател на САД, вели американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој во интервју за конзервативно ориентираниот новинар Хуго Хјуит, за себе говореше во трето лице, пренесува Си-Ен-Ен.

– САД ќе биде во сопствеништво на Кина ако Трамп изгуби. Ако не победам на изборите, Кина ќе ги поседува САД. Ќе морате да учите кинески јазик, рече Трамп.

Односите на САД и Кина се во фокус на предизборните кампањи на републиканецот Трамп и демократот Бајден.

Трамп е изненаден од изборот на Камала Харис за потпретседател: Таа беше многу, многу непријатна кон Бајден

Трамп ја обвинува Кина за ширењето на коронавирусот и криење на податоци за него, а неговата администрација повлече неколку потези кои доведоа до тензии во односите со Кина, пишува Си-Ен-Ен.

Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата на Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот