Трамп е изненаден од изборот на Камала Харис за потпретседател: Таа беше многу, многу непријатна кон Бајден

Откако кандидатот на демократите на претседателските избори во САД, Џозеф Бајден, ја назначи сенаторката Камала Харис за кандидат за функцијата потпретседател на државата, реакција имаше и од неговиот противник, претседателот на САД, Доналд Трамп.

Тој изјави дека е изненаден што неговиот противник Бајден ја одбрал Камала Харис за свој кандидат за потпретседател, бидејќи, како што вели, таа била многу лоша кон самиот Бајден за време на дебатите.

Бајден ја одбра за свој кандидат за потпретседател сенаторката Камала Харис

Трамп рече дека Харис била „многу, многу непријатна“ кон Бајден за време на внатрешните партиски избори на демократите, пренесува Ројтерс.

Според Трамп една од причините заради што е изненаден е тоа што таа веројатно била непријатна и се однесувала кон Бајден со непочитување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот