Трамп ѝ рече на Меланија да се насмее, таа му возврати со гримаса: Нејзината реакција е хит на интернет (ВИДЕО)

принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија вчера го посетија Националното светилиште на Свети Јован Павле втори во Вашингтон.

Доналд и Меланија Трамп / 02 јуни 2020 / Вашингтон, САД / ФОТО: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Како и секогаш, парот позираше за фотографите. Но, Меланија не била баш расположена за фотографирање, па ставила очила за сонце.

Доналд и Меланија Трамп / 02 јуни 2020 / Вашингтон, САД / ФОТО: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Се шпекулира дека тоа е така поради бројните критики упатени до Трамп за тоа како се справува со големите немири по убиството на Џорџ Флојд. Исто така, додека се упатуваа накај светилиштето, парот беше пресретнат од група демостранти.

Демонстрати ја окупираа рутата каде минуваа Доналд и Меланија Трамп / Вашингтон, САД, 2 јуни 2020 / Фото EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

На социјалните мрежи се рашири снимка на која се чини како Трамп да бара од својата сопруга да се насмевне за фотографите, а таа му возвраќа со гримаса.

Снимката брзо стана хит на Јутјуб и само досега ја прегледаа над 14 милиони луѓе.

„Изгледа како заложник“, коментираат корисниците на социјалнте медиуми, а многумина велат дека изгледа како Меланија веќе да не може да го „трпи“ Доналд.

Видеото е „трендинг“ на Твитер, а корисниците го споделуваат видеото и коментираат на темата:

ПОГЛЕДНЕТЕ:

Американците со поддршка за протестите, 55% се против начинот на кој Трамп се справува со кризата (ГАЛЕРИЈА)
Гневот од САД се пресели во Европа: Демонстрации во Париз против расната неправда и полициската бруталност (ФОТО+ВИДЕО)

Потресен говор на мајката на шестгодишната ќерка на Џорџ Флојд: Тој никогаш нема да ја види како расте (ВИДЕО)

Ким Кардашијан сака да го плати лекувањето на девојката застрелана на протестите за 
Џорџ Флојд (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Братот на Џорџ Флојд повика на мирни протести: Јас не дојдов овде да дивеам (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот