Братот на Џорџ Флојд повика на мирни протести: Јас не дојдов овде да дивеам (ВИДЕО)

Минесота, Минеаполис, САД / 01 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Теренс Флојд, братот на починатиот Џорџ Флојд, поради кој почнаа низа на протести ширум САД, им се обрати на сите оние кои предизвикуваат немири за време на протестите, велејќи дека ако тој ништо не крши и не уништува, тогаш зошто тие го прават тоа, додавајќи дека ништо од тоа нема да го врати неговиот брат или да го реши проблемот.

Теренс Флојд на местото на злосторот / Минесота, Минеаполис, САД / 01 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Теренс истакна дека неговото семејство е мирољубиво и ги повика сите да бараат промени по мирен пат и да гласаат на изборите.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

– Јас не дојдов овде да дивеам. Не дојдов ништо да кренам во воздух. Не правам хаос во мојата заедница. Што правите вие? Ништо не правите. Затоа што ништо од тоа нема да го врати мојот брат – рече Теренс обраќајки се кон толпата луѓе околу него.

Лос Анџелес, Калифорнија, САД / 01 јуни 2020 / ФОТО: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

– Во секој случај на полициска бруталност се случува истото. Протестирате, уништувате работи и ништо не се случува затоа што тоа не се нивни работи. Тоа се наши работи. Тие сакаат да ги уништиме. Па ајде да го направиме ова поинаку – апелираше тој.

Теренс Флојд на луѓето што протестираа им посочи да престанат да мислат дека нивниот глас не е важен и да излезат на гласање, и тоа не само на претседателските избори, туку на сите избори.

Лос Анџелес, Калифорнија, САД / 01 јуни 2020 / ФОТО: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

– Едуцирајте се, знајте за кого гласате. Така ќе ги победиме, ќе промениме сè. Не чекајте друг да ви каже кој е кој, знајте за кого гласате и така ќе ги победиме. Во игра се многу пари, и нас не’ има многу. И секако ова ќе го сториме по мирен пат – рече Теренс Флојд.

Менхетн, Њујорк, САД / 01 јуни 2020 / ФОТО: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Теренс истакна и дека знае дека неговиот убиен брат Џорџ не би сакал да се протестира насилно.

Теренс Флојд на местото на злосторот / Минесота, Минеаполис, САД / 01 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Исто така, неговиот пријател и свештеник Кевин Мекал изјави дека семејството ги моли демонстрантите да продолжат со протестите, но да продолжат мирно.

– Ова семејство бара мир. Ова семејство повикува на мир. Испраќам порака до сите луѓе во оваа земја да престанат со немирите. Подигнете знак на мирот. Силата е во бројките – апелираше свештеникот.

Њујорк, САД / 01 јуни 2020 / ФОТО: EPA-EFE/JUSTIN LANE
Лос Анџелес, Калифорнија, САД / 01 јуни 2020 / ФОТО: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот