Американците со поддршка за протестите, 55% се против начинот на кој Трамп се справува со кризата (ГАЛЕРИЈА)

Вашингтон, САД / 02 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Јавниот обвинител на САД ,Вилијам Бар нареди полицијата да ги оддалечи демонстрантите кои се собраа околу Белата куќа непосредно пред телевизиското обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп од паркот на претседателската резиденција, јави Си-Ен-Ен.

Вашингтон, САД / 02 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Како што пренесуваат странските агенции, поради палење оган и деструктивно однесување на демонстрантите околу плоштадот Лафајет, зелената површина на северниот влез во Белата куќа, државниот обвинител и високи функционери на безбедносните служби задолжени за обезбедување на претседателската резиденција и претходно планираа да го испразнат и обезбедат поширокиот појас околу претседателскиот комплекс, но тој план до сега не е спроведен.

Вашингтон / САД / 01 јуни  2020 / EPA-EFE/JIM LO SCALZO

За наредбата на јавниот обвинител прво јави „Вашингтон пост”, наведувајќи дека Вилијам Бар бил информиран од полицијата дека се сомневаат дека демонстрантите носат камења и планираат да ја нападнат полицијата.

Во 18.30 по локално време, полицијата, по наредба на јавниот обвинител на САД, упати предупредување до демонстрантите да се оддалечат и тоа го повторуваше трипати на секои десет минути.

Потоа, полициски кордон во заштитна опрема и со штитови почна да ги потиснува и повремено да ги тепа незадоволните демонстранти со палки, пренесува Си-Ен-Ен.

Од друга страна, повеќето американски граѓани ги поддржуваат протестите низ целата земја по повод убиството на Флојд и се спротивставуваат на одговорот на американскиот претседател Трамп на протестите, се наведува во истражувањето спроведено од Ројтерс и Ипсос.

Во анкетата, спроведена вчера и завчера, 64 проценти од возрасните Американци изјавиле дека „имаат сочувство кон луѓето кои во моментов протестираат”, 27 проценти рекле дека не ги поддржуваат демонстрациите, додека девет проценти не сакале да се изјаснат.

Повеќе од 55 проценти од анкетираните изјавиле дека не го поддржуваат начинот на Трамп за спречување на протестите, од кои 40 проценти се изјасниле дека жестоко се спротивставуваат на одлуките на Трамп во врска со демонстрациите.

Погледнете како изгледа атмосферата на улиците во САД:

ПОГЛЕДНЕТЕ:

Гневот од САД се пресели во Европа: Демонстрации во Париз против расната неправда и полициската бруталност (ФОТО+ВИДЕО)

Потресен говор на мајката на шестгодишната ќерка на Џорџ Флојд: Тој никогаш нема да ја види како расте (ВИДЕО)

Ким Кардашијан сака да го плати лекувањето на девојката застрелана на протестите за 
Џорџ Флојд (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Братот на Џорџ Флојд повика на мирни протести: Јас не дојдов овде да дивеам (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот