Ким Кардашијан сака да го плати лекувањето на девојката застрелана на протестите за Џорџ Флојд

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан, се понудила да и помогне на жената која викендов била повредена на протестите во Америка од страна на полицијата.

Кардашијан била шокирана кога ја видела фотографијата на девојката што била застрелана со гумен куршум во главата додека стоела на улицата и го снимала протестот во Луизијана по повод смртта на Џорџ Флојд.

На сликата се гледа млада жена на која и е повредено левото око и дел од лицето, а окото и е толку отечено што е целосно затворено.

Ова е многу вознемирувачко. Дали некој знае како можам да стапам во контакт со неа? Би сакала да и помогнам со лекувањето ако и е тоа потребно“, напиша Ким на Твитер.

Твитер

Десетина луѓе веднаш ја тагнале девојката чие име е Шанин Шарајз за Ким да може да стапи со неа во контакт и да и помогне.

Во понеделникот Шанин објавила видеоснимка на нејзиниот инстаграм-профил бидејќи е обвинета дека одглумила дека е повредена во протестите и дека тоа на нејзиното лице е шминка, а не повреда.

„Протестирав вечерва. Снимав сè со камерата кога бев погодена со гумен куршум. Ова е резултатот“, напишала Шанин на Твитер.

„Многу луѓе мислат дека ова не е реално и дека се работи за шминка. Видеово е снимено кога сум погодена. Ве молам останете фокусирани на она поради што го правиме тоа. Тоа е за невините кои си ги изгубиле животите од страна на полицијата поради бруталност и расизам“, заклучила Шанин.

Твитер
Твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот