Потресен говор на мајката на шестгодишната ќерка на Џорџ Флојд: Тој никогаш нема да ја види како расте (ВИДЕО)
Рокси Вашингтон, мајката на шестгодишната ќерка на убиениот Џорџ Флојд, побара правда за него и јасно порача: „Беше добар човек, кој не заслужи да умре на тој начин“.
– Овде сум поради правда за своето дете. Овде сум поради Џорџ, затоа што сакам правда за него и сакам правда за него бидејќи беше добар. Без разлика на тоа што мислат другите, тој беше добар човек – рече Вашингтон пред новинарите во градската општина во Минеаполис.
– Џорџ беше добар, а таа е доказ дека беше добар човек – рече Вашингтон покажувајќи кон ќерката Џиана.
Рокси за „Си-Ен-Ен“ рече дека на почетокот не знаела како да и каже на ќерка си дека татко и починал.
– Единствено што можев да и кажам е дека тој неможеше да дише – рече таа за „Си-Ен-Ен“.
На крајот на денот, тие полицајци ќе отидат во своите домови и ќе бидат со семејствата. Тој никогаш нема да ја гледа својата ќерка како расте, дипломира… Нкогаш нема да ја однесе до олтарот. Ако таа има некој проблем, тогаш е тоа што таа повеќе нема татко – рече Вашингтон.
Џорџ Флојд почина по бруталното приведување во Минеаполис минатата седмица, кога еден од полицајците девет минути клечеше над неговиот врат, додека Џорџ лежеше врзан на земјата.
Смртта на Флојд предизвика бурни протести во САД, каде расизмот и полициската бруталност се проблеми кои се провлекуваат со години.
ПОГЛЕДНЕТЕ: Американците со поддршка за протестите, 55% се против начинот на кој Трамп се справува со кризата (ГАЛЕРИЈА) Гневот од САД се пресели во Европа: Демонстрации во Париз против расната неправда и полициската бруталност (ФОТО+ВИДЕО) Ким Кардашијан сака да го плати лекувањето на девојката застрелана на протестите за Џорџ Флојд (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Братот на Џорџ Флојд повика на мирни протести: Јас не дојдов овде да дивеам (ФОТО+ВИДЕО)