Трагичниот крај на една од најубавите југословенски глумици: Животот го заврши во соба во која од мебел имало само еден валкан душек (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Соња со глума започнала да се занимава уште на 16 години, а во текот на завидната кариера снимила неколку филмови кои ја обележаа југословенската кинематографија.

Фото: Инстаграм

Српската актерка Соња Савиќ беше една од најубавите и најпознати актерки на овие простори, а овие денови таа би го прославила 59-от роденден доколку нејзиниот живот пред 12 години не завршеше трагично.

Фото: Инстаграм

Актерката која публиката ја обожаваше е пронајдена мртва во станот на своите родители на 23. септември 2008 година, а имаше само 47 години. Докторите, кои ги повикал нејзиниот тогашен партнер, биле шокирани од глетката која таму ја затекнале.

Фото: Инстаграм

Соња лежела мртва на подот опкружена со шприцови, а во целиот стан единствен мебел бил само еден валкан душек на подот.

Фото: Инстаграм

Соња со глума започнала да се занимава уште на 16 години, а четири години подоцна дипломирала на Академијата за драмски уметности во Белград.

Фото: Инстаграм

Врвот во својата кариера го постигна на почетокот на 80-те во кои сними пет филмови кои ја обележаа југословенската кинематографија, а освои и бројни награди, како онаа на Фестивалот во Венеција.

Фото: Инстаграм

Меѓу нив беше и филмот „Una“, кој го одбележа сцената во кога Соња гола јаде цреши на балконот и го заведува својот професор кој ја интервјуира. Останатите филмови кои ја обележаа нејзината кариера се „Davitelj protiv davitelja”, „Život je lep”, „Balkanski špijun”, „Mi nismo anđeli”, „Jug-jugoistok” и уште многу други. На почетокот на 90-те Соња започна да се занимава и со режија и да работи на проекти кои и се противеа на војната во Југославија.

Фото: Инстаграм

Во 80-те години Соња започна да се дружи со бендот „Ekaterina Velika“, а со сите членови беше многу блиска пријателка. Еднаш во едно интервју изјави дека била среќна што пронашла луѓе кои се несреќни како и таа, мислејќи притоа на бендот.

Во тоа време го запозна и Џез музичарот Влајко Лалиќ, со кој со години беше во врска. Лалиќ трагично загина во 1990 година давејќи се при едрење.

Фото: Инстаграм

Савиќ во тоа време имала 29 години, а во една прилика сама за себе изјавила дека е вдовица. Тој бил нејзина голема љубов, а таа мечтаела за тоа да го помине целиот живот со него.

Фото: Инстаграм

Во последната година од животот таа се повлече од јавноста, а глумата сосема ја занемари. Во едно интервју призна дека би сакала да умре со кратка и весела смрт, а призна и дека нејзиниот живот нема смисла бидејќи никојпат не родила.

Фото: Инстаграм

Соња Савиќ е закопана во родното село на својот татко, а на погребот не дошол никој од нејзините колеги.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот