Траги од кокаин пронајдени во домот на Лиз Трас

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Траги од дрога биле пронајдени во домот на британската политичарка Лиз Трас по забавите на кои присуствувале нејзините политички сојузници, објави Гардијан.

Според изворите, белиот прав бил откриен на имотот минатото лето во деновите пред Трас да победи во трката за лидер на Ториевците и да стане премиерка на Велика Британија.

Еден член на персоналот тврдел дека го тестирал прашокот со помош на брис што ја менува бојата кога е во контакт со кокаин, а тоа укажувало на присуство на дрога. Поседувањето кокаин е кривично дело кое може да доведе до затвор до седум години ил неограничена парична казна, посочува Гардијан.

Одделни извори опишуваат дека биле пронајдени слични траги во канцелариите на Даунинг стрит бр. 10 по две забави одржани кога Борис Џонсон беше премиер.

Лицата кои работеле на имотот на Трас рекоа дека двапати пронашле траги од бел прав на страничната маса во собата за билијард, каде што е познато дека Трас ги забавувала гостите во домот во Кент.

Трас, тогашна министерка за надворешни работи, беше домаќин на собир во домот од 17 век за време на викендот од 19 до 21 август, кога нејзината лидерска кампања беше во полн ек. Во текот на викендот од 2 до 4 септември се одржа уште еден собир. На двата викенда присуствуваа голем број политички сојузници, додава Гардијан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот