Трагедија во Белград: Додека се тепале поранешниот и сегашниот партнер, жената паднала од тераса и загинала
Голема трагедија ги потресе жителите на белградската населба Борча, каде синоќа жена падна од тераса и почина на самото место додека се тепале поранешниот и сегашниот нејзин партнер, пренесува српски Телеграф.
Препорачано
Полицијата во Борча го уапсила Дејан З. (52) поради семејно насилство, дознава „Телеграф.рс“.
Неофицијално, тој синоќа дошол кај својата поранешна партнерка Веселинка С. и почнал да се расправа со неа. Во еден момент се појавил сегашниот партнер на жената и по низа навреди меѓу мажите, започнала физичка пресметка. Во општиот метеж, Веселинка паднала од терасата висока четири метри и починала на самото место.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, наредена е обдукција.
Припадници на полицијата и итните служби веднаш излегле на местото на настанот, но лекарот можел само да констатира смрт на жената. Телото е испратено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.
Истрагата е во тек, а надлежните органи работат на расветлување на сите околности на овој трагичен настан.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5сек
-
30мин
-
40мин
-
42мин
-
47мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


