Трагедија во Австралија: Јахта потона во немирни води, загинаа тројца
Тројца загинаа, вклучувајќи двајца спасувачи-волонтери, откако вчера потона јахта во немирни води, а спасувачки чамец се преврте блиску до брегот на Нов Јужен Велс во Австралија, објави „Би-би-си“.
Препорачано
Итните служби биле повикани откако граѓанин пријавил јахта во неволја во близина на бранобранот во Јужна Балина, популарна крајбрежна дестинација блиску до границата меѓу Нов Јужен Велс и Квинсленд.
Шестчлена екипа на Поморската спасувачка служба на Нов Јужен Велс се упатила кон местото на настанот, но чамецот се превртел во тешки услови додека го поминувал песочниот заден брег Балина, соопшти полицијата. Двајца спасувачи, на возраст од 78 и 62 години, загинале.
Четворица спасувачи стигнале до брегот со полесни повреди, а потрагата била прекината рано денеска откако било утврдено каде се наоѓаат сите луѓе.
Телото на трет, неидентификуван маж без елек за спасување е пронајдено на песокот, покрај загинатите волонтери на 78 и 62 години.
Четворицата преживеани спасувачи се во болница.
Полицијата истражува зошто потонатата јахта се судрила со бранобранот, а нуркачи ќе бараат докази. Официјалните службеници и локалните жители им оддадоа почит на загинатите јунаци кои ја поднесоа најголемата жртва во исклучително опасни услови.
Оваа страшна трагедија длабоко ја погоди заедницата во Балина.
Автобус потона во замрзнатото Бајкалско Езеро во Сибир, загинаа седуммина кинески туристи


