Традиционален фестивал на храна во Дојран

Дојранските домаќинки и Општина Дојран, вечер го организираат традиционалниот фестивал на храна, обичаи и култура „Дојран Гурман Фест”, што ќе се одржи во Градскиот парк во Нов Дојран.

За оваа прилика во паркот ќе биде поставена богата трпеза со традиционални дојрански специјалитети од риба чии што рецепти, велат домаќинките, се пренесуваат од колено на колено уште од времето на нивните прабаби до денес.

Присутните гости на фестивалот ќе имаат можност да вкусат специјалитети карактеристични за ова поднебје, како што се риба на трска, ќофтиња од икра, крашник со крап, фригани риби, млечник и познатите дојрански татлии.

На фестивалот ќе бидат изложени специјалитети од Здружението на жени „Дојрана” како и од неколку угостителски објекти од Нов и Стар Дојран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот