Тотенхем потврди: Конте мора да оди на операција

Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Стратегот на Тотенхем, Антонио Конте ќе мора да направи кратка пауза и да се фокусира на неговото здравје.

Имено, Италијанецот во последните денови чувствувал сериозно болки во предеот на абдоменот, а деталните прегледи покажале дека Конте има воспалено жолчно ќесе и најдобро е да оди на операциј.

Операцијата е веќе закажана и мали се шансите да го гледаме на клупата во дербито против Манчестер Сити следниот викенд.

„Антонио Конте неодамна се соочи со силни болки во стомакот. Денеска тој ќе биде положен на операција за отстранување на жолчното ќесе и ќе се врати по периодот на опоравување. Сите во клубот му посакуваат добро здравје“, објави Тотенхем.

Тотенхме во недела го очекува дербито против Манчестер Сити и во овој натпревар ако Конте не се врати на време ќе биде заменет од Кристијан Стелини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот