Тошковски: Сите бараат издавање лични документи по брза лента, но МВР располага само со две машини

Панче Тошковски , фото Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју на утринската програма на Слободен печат изјави дека идејата на Народниот правобранител, Владата, и сите оние кои бараат издавање лични документи по брза лента е одлична, но факт е дека МВР располага со две машини.

-Барањето на Народниот правобранител за издавање лични карти по брза линија за оние граѓаните кои немаат документ и нема да можат да гласаат на изборите е одлично. Супер е и барањето на Владата за одредени превозници, но бараат и ИТ инженери и здравствените работници и професори. Сите бараат и јас ги поттикнувам сите да се организираат и да достават барање. Ама фактот е дека МВР има две машини за печатење пасоши, вели Тошковски.

Тој изјави дека капацитетот на вработените кои работат на печатење на пасоши е околу 3.000 дневно.

– Тие работат по десет часа, и сабота и недела. Решение е да се смени законот, вели Тошковски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот