Фото: ТВ Телма / принтскрин

Тортевски бара Спасовски да поднесе оставка поради автобуската несреќа на „Беса транс“

Адвокатот Александар Тортевски во емисијата „24 анализа“ вечерва, во врска со барањето на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдување одговорност за несреќата на автобусот на „Беса транс“ во Бугарија, рече дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски има политичка одговорност и треба да понесе оставка, зашто во неговото министерство организацијата не функционирала и некој затаил.

– Тој што го чувал документот за техничките проблеми на превозникот, тој има кривична одговорност зашто направил злоупотреба на службената положба, му овозможил на некој субјект да обавува дејност спротивно на законите. Сигурно е дека МВР потфрлиле. Ако министерот поднесе одговорност, тој има морална обврска да го расчисти случајот и да поднесе одговорност, рече Тортевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот