Топалов: Македонија не може да се однесува со омраза кон нејзината мајка Бугарија

Професор Кирил Топалов, член на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историја/Фото: Скриншот

Профеосорот Кирил Топалов, член на Заедничката комисија, чија цел е решавање на историските спорови меѓу Бугарија и Макдонија, не очекува Бугарија да се повлече од својата позиција во врска со почетокот на преговорите на ЕУ со Македонија.

Според него ЕУ е свесна дека „оваа земја не е реформирана ниту сантиметар од тоталитарниот комунистички модел во поранешна Југославија што ја формираше и управува со неа до денес.

– РСМ е најнереформираната држава на поранешните југословенски републики – изјави Топалов во интервју за Бугарското национално радио (БНР).

– Многу луѓе ја мешаат Европската унија со Советскиот сојуз. Соништата на нашите пријатели и роднини во Република С Македонија дека ЕУ ќе нè принуди да започнеме преговори се залудни и неизводливи. Отсекогаш сме имале најдобра братска, пријателска намера и желба за оваа земја … Таа не може да се однесува така кон нејзината мајка – Бугарија. Таа мора да се однесува кон нас со почит како и секоја друга држава. Како кон секоја друга држава, но се однесува со длабока омраза  – рече Топалов.

Според него, дури и ако властите во Македонија одлучат нагло да ја променат својата политика кон Бугарија, тамошното општество не е подготвено да го стори тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот