Хрватска полиција / Фото: Ал Џазира Балканс / скриншот

Топ распарчи човек на манифестација во Хрватска

Во општина Десиниќ во Загорје, Хрватска, денеска топ разнесе човек на традиционална манифестација, пишуваат хрватските медиуми.

Бројни сведоци биле дел од ужасниот настан и опишале што се случило.

Според неофицијални информации, човекот го полнел топот кој одеднаш испукал и го разнел на лице место.

„Страшна сцена, не можам ни да ви ја опишам. Ужас, топот го распарчи човекот“, вели еден од очевидците.

Човекот кој почина е Среќко Јуричан, познат во Загорје како страствен колекционер на стари трактори. Тој бил познат како „ловец на трактори“ од Загорје, а неговото необично хоби било препознатливо во локалната заедница. Во својата колекција имал 11 трактори олдтајмери, како и камион и голем број стари земјоделски машини.

Српски Радар: Нов доказ покажува дека власта ја отворила железничката во Нови Сад пред да биде завршена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот