Кирија - Фото: pexels-jakubzerdzicki

Топ 10 градови со најскапи кирии во Европа

Највисоките цени за кирија во Европа не се во Париз, ниту во Лондон. Најскап град за подстанари во Европа е Луксембург. Таму месечно се плаќа околу 43,40 евра по квадратен метар, што е речиси десет пати повеќе од цената на кирија во Драч, Албанија, кој е најевтин на листата. Тоа е и повеќе од 10 евра по квадратен метар поскапо отколку во Париз, кој е на второ место.

Како што пренесува „Пункуфер“, „Делоит“ во своето годишно извештај редовно го објавува индексот на цени на недвижности во Европа. На дното на листата се градови од регионот: Сараево е на 71. место, а Бања Лука на 73. место. Кога станува збор за соседните земји, Сплит е на 33. место, Загреб на 41. место, а Ријека на 48. место.

Третото место го зазема Даблин, со просечен трошок од 31,70 евра по квадратен метар. Лондон, каде што е многу тешко да се најде пристоен стан за кирија, се наоѓа на 9. место, со просечна цена од 23,80 евра по квадратен метар месечно.

10 најскапи европски градови за кирија:

1. Луксембург, Луксембург: 43,40 евра
2. Париз, Франција: 32 евра
3. Даблин, Ирска: 31,70 евра
4. Барселона, Шпанија: 29,90 евра
5. Осло, Норвешка: 27,30 евра
6. Мадрид, Шпанија: 27,10 евра
7. Амстердам, Холандија: 26,30 евра
8. Копенхаген, Данска: 24,80 евра
9. Лондон, Англија: 23,80 евра
10. Голвеј, Ирска: 22,90 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот