Тони нитрат експлодираа во пристаништето во Бејрут – гувернерот низ солзи говори за „најголемата национална катастрофа“ (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/ Twitter

По експлозијата која го потресе Бејрут, на улиците од градот во пламен, телевизиските екипи го снимија гувернерот на тој град во солзи.

Гувернерот на Бејрут Филип Балос рече дека ова е најголема национална катастрофа во Либан.

„Ова е национална катастрофа. Во животот не сум видел толку голема катастрофа. Последиците од експлозијата се огромни, не можам да ги запрам солзите“, рече гувернерот.

Претходно Бадри Дахер, генералниот директор на либанските царини, потврди дека во пристаништето во Бејрут експлодирали тони нитрат.

Израел и Хезболах негираа дека имаат било каква врска со оваа катастрофа.

Две силни експлозии во Бејрут, има и повредени под урнатите згради (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот