Две силни експлозии во Бејрут, има и повредени под урнатите згради (ВИДЕО)
Се верува дека има повредени затрупани под урнатините.
Главниот град на Либан, Бејрут го погодија две силни експлозии.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Размерите на експлозиите се видливи на снимките објавени на Твитер. Експлозијата се случила во близина на куќата на поранешниот либански премиер Саад ал- Харири, јави агенцијата Андолија.
Оштетена и куќата на Харири и уште неколку околни објекти. Од експлозијата е оштетена и зградата на Владата. Харири не е повреден и ги следи настаните.
Explosion in #Beirut #Lebanon – view from Annahar building. Praying for everyone’s safety ??? pic.twitter.com/Zf6fXaahUq
— Fady Roumieh (@FadyRoumieh) August 4, 2020
Силната експлозија се слушна ширум градот, предизвикувајќи паника во либанската престолнина. Стаклата на прозорците на зградите и дуќаните попукале, а темен чад се надвил над градот.
Се верува дека има повредени затрупани под урнатините.
До експлозијата дошло во пристанишниот дел од градот и тоа на денешен ден кога трибуналот на ОН требаше да донесе пресуда на четворицата обвинети за убиство во автомобил – бомба на премиерот на премиерот на Либан Рафик Харири во 2005 година.
Либанскиот министер за здравство рече дека има многу повредени. Се уште нема податоци за евентуалните загинати.


