Тони Димитриев од ИЈЗ: Полицаецот бил на повеќе увиди, не само кај велешанката
Во Велес вчера беа регистрирани уште две лица позитивни на корона вирус, со што бројката се искачи на 36 лица.
Полицаецот што бил на увид кај починатата велешанка, а кој е позитивен на коронавирус, бил да прави повеќе увиди на повеќе локации, зашто тоа му било дел од професионалниот ангажман, вели за „Слободен печат“ директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од Велес, Тони Димитриев.
Препорачано
Обдукцијата на починатото тело на велешанката во чие дишно стебло бил пронајден коронавирусот, било по наредба на Јавното обвинителство и до крај на неделата се очекува конечниот извештај од судска медицина.
– Обвинителството си ја започна работата без да не консултира нас и нека си ја заврши. Тие земале брис преку судска медицина и толку. Ние не се мешаме. Ние само направивме дезинфекција на просторот пред станот. Тоа е екипа од криминалистика, која прави повеќе увиди и никој не може да потврди дека потеклото на вирусот кај полицаецот е баш од таму, од увидот што го направил кај велешанката. Ние на цела екипа и земавме контролен брис после увидот и утврдено е кај него, другите од екипата се негативни, ни рече директорот.
Во Велес вчера беа регистрирани уште две лица позитивни на корона вирус, со што бројката се искачи на 36 лица.


