Претседателската вила на Водно / Фото: Фејсбук / Villa Vodno

Томовски: Претседателката Сиљановска-Давкова веќе не живее во дивоградба

Горчливиот проблем со државните вили и резиденции конечно добива правна разрешница, откако Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) успеа да ги легализира овие објекти, вели директорот на СОЗР, Ивица Томовски за „4ТВ“.

Тој истакна дека претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова веќе не живее во дивоградба и најави сериозни градежни зафати за обнова на целосно запуштениот државен имот.

На прашањето дали шефот на државата сè уште престојува во објект без соодветна документација, Томовски одговори децидно дека тие објекти веќе имаат имотен лист.

„Имотот се води на Република Македонија, со право на трајно користење на Службата за општи и заеднички работи. Тоа беше клучен чекор, бидејќи за да можете да започнете со реновирање и ставање во функција на овие објекти, тие мора прво да бидат легализирани. Дури по легализацијата, законски можеме да објавиме оглас за проектирање и да ангажираме изведувачи со соодветна ‘А-лиценца’“, објасни Томовски.

Како приоритет во моментов се издвојуваат резиденцијалните капацитети во Охрид, кои со години беа оставени на забот на времето, а некои од нив беа и целосно непрепознатливи од обрасната вегетација.

„Просторот околу вилата во Свети Стефан сега е исчистен и среден. Пристапивме кон проектирање за да утврдиме дали статиката на објектот е добра и да видиме што сè точно треба да се промени. Очекувам до крајот на овој месец или почетокот на јуни веќе да ги имам во раце готовите проекти“, информираше првиот човек на СОЗР.

Томовски вели дека е лоша општата состојба во која се наоѓаат и претседателските резиденции во Скопје – Вила Водно, како и во Охрид.

„Размислуваме за реконструкција и на претседателската вила. Сè ќе зависи од тоа како ќе поминеме на претстојниот ребаланс на буџетот и со колку средства ќе располагаме. Резиденциите и во Охрид и во Скопје се во навистина многу лоша состојба. Генерално, цели објекти се руинирани, но тоалетите и кујните се во посебно хаотична состојба“, истакна Томовски.

„Нема логичен основ за шпионажа“: Сиљановска-Давкова ги отфрла наводите за афера во нејзиниот кабинет

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот