Томас Бах: Говорот на омраза кон боксерките Хелиф и Лин е неприфатлив

фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, денеска изјави дека говорот на омраза упатен кон боксерките Иман Хелиф од Алжир и Лин Џу Тинг од Тајван е целосно неприфатлив.

„Нема да учествуваме во политички мотивирана… културна војна“, им рече Бах на новинарите во Париз.

Во последните денови една од главните теми на Олимписките игри се Хелиф и Лин и се дискутира за нивниот пол.

Хелиф и Лин беа дисквалификувани од Светското првенство во Индија минатата година, откако Меѓународната боксерска федерација соопшти дека нивните полови резултати биле неодредени, но не доставиле документација.

Италијанката жали поради својот потег, сака да ја гушне боксерката од Алжир

– Имаме две боксерки кои се родени како жени, кои се воспитани како жени, кои имаат пасоши како жени и се натпреваруваат како жени со години. Некои сакаат да ја поседуваат дефиницијата за тоа која е жена – рече Бах.

Хелиф и Лин се натпреваруваа на Игрите во Токио и не освоија медали. Хелиф се пласираше во второто коло на олимпискиот турнир во Париз, откако Италијанката Анџела Керини ѝ ја предаде борбата по 46 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот