Толку е твитот: Филипче објави како членови на ВМРО-ДПМНЕ ги кршат мерките

Министерот за здравство доктор Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија на која тврди дека се наоѓаат членови на ВМРО ДПМНЕ, а на која е евидентно дека не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, не се носи маска, не се одржува дистанца.

„Состанок на ВМРО ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот“, напиша министерот.

Маска не носи ниту Александар Пандов, кој го предводи патриотскиот институт на партијата, а е на чело на фотографијата.

Мерките за заштита од коронавирусот од следната недела ќе се заострат откако Комисијата за заштита од заразни заболувања препорача да се промени Законот за заштита на населението од заразни болести за да може да се воведе задолжително носење маска на отворено, да се даде поголем квантитет на надлежности на пазарниот инспекторат и да се ограничат домашните собирања и групирања кои се главен извор на ширење на заразата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот