ТОКСИЧНИ ЛУЃЕ: Седум нешта по кои ќе ги препознаете – Слободен печат
Магазин

ТОКСИЧНИ ЛУЃЕ: Седум нешта по кои ќе ги препознаете

Хроничната негативност е штетна и за оној кој ја шири и за тие околу него.

На секој од нас му се случило да има таква личност во своето опкружување, без разлика дали се работи за колега, пријател или па дури и роднина или партнер.

Покрај нив се чувствуваме исцрпени, како да немаме енергија, а можеме да ги препознаеме и по следниве навики:

Манипулација и контрола

Тие не се заинтересирани за емоции, туку само ги користат за да воспостават контрола. Ќе ги познаете по тоа што ги превртуваат зборовите, ве излудуваат, агресивно ве напаѓаат, па глумат жртви, а потоа дури и ви се закануваат.

Не знаат за извинување

Нив им е под чест да се извинат, а најчесто не ни чувствуваат потреба за тоа. Не сакаат да преземат одговорност за своите постапки и преферираат нештата да ги решаваат со бес и агресија.

Ги проектираат нивните чувства врз вас

Овие луѓе ќе успеат да ве инволвираат во нивното лошо расположение, ни криви ни должни. Ако познавате ваква личност, потрудете се да се држите понастрана.

Избувнуваат

Постојано се нерасположени, не кажуваат во што е проблемот, а се однесуваат агресивно, повишуваат тон и шират негативна енергија без потреба.

Се жалат постојано

Се случува да ви се јават со плачење и да се „исповедаат“ за одредени проблеми. Притоа, ниту прашуваат дали сте расположени за слушање, а во никој случај немаат време да ви излезат во пресрет за некој ваш проблем.

Не прифаќаат „не“

Ќе направат да ви биде крајно непријатно да им кажете „не“, а дури и да се почувствувате дека сте должни да им излезете во пресрет. Ако одбиете, ќе ви наметнат ужасно чувство на вина.

Вашиот успех ги лути

Кога и да постигнете нешто добро, се однесуваат како да не е ништо посебно и дека било сосема очекувано и дека секогаш можете подобро. Со нив не сакате да ги споделувате ниту најдобрите вести, бидејќи веднаш ќе ви наметнат непријатно чувство на пониска вредност.

Имате ли вие свој начин за справување со ваквите луѓе?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close