„Тој е сатана и џуџе“: Протече аудиоснимка на која двајца богати Руси брутално го навредуваат Путин

ФОТО: Владимир Путин EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Руското општество го тресе скандал откако се појави аудиоснимка на која двајца богати Руси, истакнати поддржувачи на Владимир Путин, го навредуваат рускиот претседател. Поранешниот руски сенатор Фарад Ахмедов и московскиот музички продуцент Џозеф Пригожин на снимката го нарекуваат рускиот претседател „сатана“ и „џуџе“, објави „Дејли мејл“.

Снимката од телефонскиот разговор меѓу двајцата беше емитувана на украинскиот „Канал 5“ и набрзо се прошири и на другите медиуми, па дури стигна и до Руската служба за безбедност (ФСБ), пишува „Дејли мејл“.

Ахмедов и Пригожин ја коментираат инвазијата на Путин на Украина, ги осудуваат неуспесите на Кремљ, па дури и ја коментираат висината на Путин.

Секоја критика кон Путин во Русија е ретка – особено меѓу оние кои профитираа од доаѓањето на Путин на власт. Оние кои ќе бидат прогласени за виновни за навреда на руската држава, армијата или на самиот Путин се соочуваат со остри, па дури и затворски казни.

Откако аудиото беше објавено во јавноста, украинските и руските независни медиуми ја анализираа снимката од 24 јануари.

Според анализата може да се слушне Ахмедов како вели дека со започнувањето на војната во Украина, руската влада ја уништила нивната и иднината на децата.

„Тој е сатаната“, додава Ахмедов, мислејќи на рускиот претседател и продолжува со критиките упатени кон заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Димитри Медведев, кој беше претседател од 2008 до 2012 година.

„И Путин и Медведев се неславни. Тие лилипутанци не се дораснати“, вели Ахмедов во видеото.

Познато е дека Путин – кој често носи чевли со високи потпетици – е многу чувствителен кога станува збор за неговата висина од 170 сантиметри, па некои тврдат дека и тој страда од „комплексот Наполеон“, но Медведев е дури и понизок од неговиот шеф, бидејќи е висок само 163 сантиметри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот