Тито Петковски: „Германија направи диверзија на преговарачкиот процес на Македонија со ЕУ“

Револтот од нерешениот спор меѓу Макединија и Бугарија секојдневно се шири на двете страни.
Денеска за внатрешно-политички потреби реагираше бугарскиот претседател Румен Радев кој ја критикуваше Владата на Бојко Борисов, дека не успеала да ја претстави позицијата на Бугарија за Македонија пред западните партнери.

Но незадоволството е се поприсутно и во Македонија. Деновиве експлицитно искажан револт од односот на европската заедница кон Македонија во спорот со Бугарија, а доаѓа и од страна на лидерот на НСДП Тито Петковски, инаку коалициски партнер на Власта.

Тој за Слободен печат го потврдува ставот искажан и со својот фејсбук-статус, и вели дека не е толку многу изненаден од состојбата на духот во бугарското општество, колку од односот на земјите-членки кон Македонија и кон процесот на проширувањето на ЕУ, а осбено од ставот на Германија.

„Со вметнувањето на зборовите „фалсификувана историја“ во преговарачката рамка, Германија направи диверзија на преговарачкиот процес на Македонија со ЕУ и нашето членство во ЕУ го направи невозможна мисија. Тој потег на Германија го разбрав како обид на мала врата и на зелена маса да и го обезбеди она што Бугарија го изгуби во Втората светска војна.“ смета Тито Петковски.

И во разговорот за Слободен печат, Петковски потврдува дека македонските шанси за преговори со ЕУ останаа во игра, благодарејќи на силното противење на Чешка и на Словачка.

Инаку повторувањето на синтагмата за постигнување компромис меѓу Македонија и Бугарија од страна на претставниците на ЕУ, не е ништо друго туку инсисирање на компромис на штета на Македонија, смета лидерот на НСДП.

ЕУ дефинитивно не е способна да го реши бугарско-македонскиот спор согласно меѓународното право, поради што, смета Петковски Македонија треба да почне да размислува за помош од ООН и за осуда на Бугарија за отвореното мешање во внатрешните работи на една суверена и самостојна држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот