Тите испиша историја во победата против Јужна Кореја

Фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Бразил вчера славеше убедлива победа против Јужна Кореја и така „Кариоките“ обезбедија пласман во четвртфиналето каде што ќе играат против Хрватска.

Натпреварот против Јужна Кореја ќе остане запишан и во историјата на Мундијалите поради изменатата која ја направи селекторот Тите кога Бразил веќе ја имаше обезбедено победата.

Во 80-тата минута од средбата на местото на голманот Алисон Бекер во игра влезе третиот голман Вевертон. Со настапот на членот на Палмеирас сите 26 фудбалери на списокот на Бразил добиле минутажа во Катар.

Едерсон бранеше претходно, а против Камерун во второто коло и во поле Тите излезе со „вториот состав“, па така сите фудбалери на Бразил го почувствуваа ова Светско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот