Тирамису торта со малини, лесно се подготвува, а вкусот е фантастичен

Фото: Unsplash

Тирамису е италијански десерт којшто по традиционален рецепт се приготвува со пишкоти – натопени со кафе еспресо, сирење, јајца, шеќер, вино марсала или рум и какао. Во оригиналната рецепта не е наведена употреба на алкохолот, со оглед на тоа дека на почетокот овој десерт бил наменет за сите, од деца до возрасни и стари. Овој пат ви предлагаме една пролетна и освежителна верзија на овој популарен десерт – тирамису со малини.

Состојки:

– 250 мл слатка павлака
– 50 гр шеќер во прав
– 500 гр сирење маскарпоне
– 1 шолја кафе -еспресо
– 3 лажици амарето или друг алкохол
– 150 гр бисквити
– 4 лажици какао
– 200 гр малини

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака со шеќерот и додајте го маскарпонето. Комбинирајте го кафето со амаретото. Потопете ги бисквитите еден по еден во смесата со кафе и алкохол.

Во сад наредете еден слој бисквити потопени во кафе. Ставете половина од смесата со павлака и сирење и покријте со уште еден слој бисквити. Ставете го остатокот од смесата. Покријте го горниот дел со какао, а потоа покријте ја целата површина со малини. Ставете ја тортата да стои 2-3 часа во фрижидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот