Фото: EPA/BENEDIKT LOEBELL/Илустрација

Тинејџерки палеле контејнери од досада, предизвикале 18 пожари во Виена

Полицијата во Виена откри серија пожари кои во текот на ноември предизвикале страв кај локалното население во неколку градски општини. Зад пожарите стоеле три девојки кои доброволно се предале и признале дека предизвикале 18 пожари „од досада“, објави австрискиот портал „Кронен Цајтунг“.

Осомничени се две 18-годишни девојки и едно 17-годишно девојче. Две од нив биле уапсени во општината Херналс, додека третата сама се појавила во полиција истиот ден.

Сите три ги признале делата. Според полицијата, нивниот мотив бил чиста досада, а штетата од пожарите изнесува повеќе стотици илјади евра.

Девојките се приведени, а како што соопшти полицијата, најголем дел од пожарите биле помали инциденти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот