Фото: Принтскрин

Тинејџерот кој изврши тројно убиство во Бангкок бил психички болен

Момчето (14) кое денеска отвори оган во трговски центар во Бангкок, при што уби две лица, а рани пет други е уапсено, јавија локалните медиуми.

Во пукањето загинале Кинез и жител на Мјанмар, а ранети се уште пет лица, соопшти началникот на полицијата Торсак Суквимол.

Осомничениот е четиринаесетгодишно момче на кое претходно му било констатирано ментално растројство, но не земало лекови.

– Ни кажа дека некој од „внатре“ му кажал во кого да пука, изјави Суквимол.

Тинејџерот е ученик во приватно училиште кое се наоѓа во близина на трговскиот центар. Тој беше уапсен во продавница за мебел според снимките од надзорните камери што ги објавија тајландските медиуми.

Пукањето предизвикало паника во луксузниот трговски центар Сиам Парагон, а очевидци изјавиле дека оттаму итно се евакуирани стотици луѓе.

Молот се наоѓа во центарот на Бангкок. Тој е туристички и комерцијален центар кој привлекува многу посетители, особено Кинези кои често купуваат таму.

Пукањето се случи речиси една година по најголемото масовно убиство во модерната историја на Тајланд, кое се случи во провинцијата Нонг Буа Лам Пу. Тогаш поранешен полицаец уби 36 лица, повеќето деца помлади од пет години.

Според податоците на швајцарската програма Small Arms Survey во Тајланд, земја со 70 милиони жители, во 2017 година имало околу десет милиони огнено оружје, од кои приближно четири милиони не биле регистрирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот