Бројот на жртви во барот во Бангкок се искачи на 30, властите испитуваат дали изгореле зашто излезите биле блокирани
Тајландските власти истражуваат дали небрежноста е причината за смртоносниот пожар во бар во Бангкок доцна во неделата, бидејќи преживеаните пријавиле дека некои врати биле заклучени и дека немало сигнализација за итни излези, пренесува Би-би-си. Употребата на запаливи материјали како декорација можеби го олеснила брзото ширење на пожарот, кој започнал во близина на сцената, вели полицијата. …

