Фото: Скриншот

ВИДЕО: Жена се породила на улица во Бангкок откако била евакуирана болницата

Жена се породила вчера на улица во Бангкок, откако болницата во која била, била евакуирана поради силниот земјотрес во Мјанмар.

Лежеше на носилки, опкружена со медицински персонал кој и помогна да се породи на отворено. Поради тресењето на земјата предизвикано од земјотресот, спомен болницата Кинг Чулалонгкорн и болницата БНХ беа евакуирани.

Пациентите биле преместени во блискиот парк, вклучувајќи ги и оние на носилки и во инвалидски колички. Вработените во болницата продолжиле да се грижат надвор, пред зградите на болницата.

Земјотресот што го погоди Мјанмар беше еден од најразорните во последните сто години.

Според Геолошкиот институт на САД (USGS), епицентарот бил на 17 километри од Мандалеј. Бројот на загинати се искачи на повеќе од 1.000, а спасувачите се уште трагаат по преживеани во урнатините. Воената хунта прогласи вонредна состојба и повика на помош, додека ОН потврдија дека се во контакт со властите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот