ТикТок и Јутјуб треба да достават информации до ЕК за мерките за заштита на малолетници

Јутуб мобилна апликација/ Фото EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Европската комисија испрати официјално барање до ТикТок и Јутјуб да и достават информации за мерките што ги презеле за усогласување со нивните обврски поврзани со заштитата на малолетниците согласно Законот за дигитални услуги на ЕУ.

Еврокомисијата бара ТикТок и Јутјуб да и достават податоци за исполнување на обврските поврзани со проценката на ризикот и мерките за онлајн заштита на малолетниците, особено во однос на ризиците за нивното ментално и физичко здравје, како и за условите под кои малолетни лица можат да ги користат услугите на двете платформи.

Двете компании се обврзани да ги достават бараните информации до Комисијата најдоцна до 30 ноември, по што врз основа на проценката на одговорите таа ќе донесе одлука за следните чекори.

Доколку платформите не одговрат на барањата или дадат неточни, нецелосни или погрешни информации, Европската комисија, согласно ДСА, може да им изрече казни.

По прогласувањето на 19 социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за онлајн трговија од страна на ЕК за „многу големи онлајн платформи“, меѓу кои се ТикТок и Јутјуб, тие се должни да се усогласат со целосниот сет на одредби од Законот за дигитални услуги, вклучително и за проценка и ублажување на ризиците поврзани со ширењето на илегални и штетни содржини, со негативните ефекти врз основните човекови права, меѓу кои и правата на децата, како и за заштита на малолетниците.

Ова е второ барање од ЕК до ТикТок врз основа со ДСА, откако на 19 минатиот месец од платформата беше побарано да достави информации во врска со наводното ширење на терористичка и насилна содржина, говор на омраза и дезинформации, како и за општите аспекти во врска со заштитата на малолетниците на интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот