ФОТО | Исплива топлес фотографија од Тијана Дапчевиќ, пејачката го кажа своето мислење
Топлес фотографија од Тијана Дапчевиќ се појави на социјалните мрежи, а пејачката, која е карактеристична по својата музичка тетоважа што се гледа на сликата, вели: „Топлес е ОК“.
Препорачано
Сликата ја објави инстаграм-профилот „Магазинн.мк“, а тоа е, поточно, насловна страница од некогашниот машки печатен магазин „ТОЈ машки свет“. Токму Тијана Дапчевиќ со оваа оригинална фотографија ја разубавила насловната страница на магазинот во 2004 година.
„Легендарната Тијана Дапчевиќ во 2004 година во списанието ‘ТОЈ машки свет’. Првиот број на ‘ТОЈ машки свет’ излезе во април 2004 година. ‘ТОЈ’ е прво специјализирано списание за мажи во Македонија“, пишува, меѓу другото, во описот на оваа слика.

Како гостинка во емисијата „Не е лесно да се биде јас“, Тијана Дапчевиќ пред неколку месеци отворено зборуваше за борбата со вишокот килограми.
„На почетокот на кариерата бев многу послаба отколку сега. Одамна сфатив дека музиката се гледа повеќе отколку што се слуша. Моите маки никој не ги знае. Можам да напишам книга за исхрана, а не за диета. Кога ќе кажете диета, мозокот веднаш ви се блокира и мислите само на храна“, изјави Тијана за „Гранд“.
Тијана, која освен што е пејачка е и успешна актерка, е актуелна со стендап-шоуто „Менопауза“, кое имаше премиера во ноември лани во Белград.
„Урнебесна монодрама што ги отвора сите теми што жените вообичаено ги шепотат, но сега ги зборуваат гласно, хумористично и без срам, заснована на текст од Данило Вукотиќ, со режија на Раде Вукотиќ. Тијана Дапчевиќ е во улога на жена во менопауза, без влакна на јазикот“, се вели во описот на оваа претстава.
ВИДЕО | „Овде нешто ме стега“: Тијана низ солзи ја раскажа нејзината најтажна животна приказна


