Тихановскаја: Планирам средби со Бајден и Блинкен во Вашингтон

Светлана Тикановскаја / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановскаја изјави дека планира да се состане со американскиот претседател Џо Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен.

„Таквите состаноци се планирани, но засега не можам да ги потврдам”, изјави таа за ТАСС за време на состанокот со белоруската дијаспора во Вашингтон.

Тихановскаја пристигна во САД во неделата и се состана со белоруската дијаспора на плоштадот Слобода, во близина на Белата куќа и Капитол.

Претходно, таа на својот канал на Телеграм напиша дека планира состаноци на „високо ниво” во Стејт департментот на 19 јули и во Белата куќа еден ден подоцна.

Покрај тоа, нејзиниот распоред вклучува и состанок со директорката на Американската агенција за меѓународен развој, Саманта Пауер и со американски пратеници. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот