Тихановскаја бара од Германија да воведе нови санкции против Белорусија

Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја ја повика Германија веднаш да усвои четврти пакет санкции против Минск. Таа, исто така, побара прекин на соработката со државните компании, а Белорусија да биде исклучена од Интерпол.

– Ја повикувам Германија да заземе цврст став против режимот во Белорусија, повикувам на итно усвојување на четвртиот пакет санкции и развој на петти против помошниците на режимот и компаниите кои го поддржуваат, изјави Тихановскаја пред новинарите во Берлин.

Таа, исто така, побара прекин на соработката со белоруските државни компании, исклучување на Белорусија од Интерпол и спроведување меѓународна истрага за злосторствата против Белоруси.

Тихановскаја истакна дека се состанала со „претставници на главните партии во Германија”. Главна тема на средбите била состојбата на граѓанското општество во Белорусија и европските санкции против Минск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот