Тихановскаја бара меѓународна истрага против Лукашенко

Светлана Тихановскаја и Марија Колесникова / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја повика денеска на основање на меѓународен трибунал, кој, според неа, ќе ги истражи „злосторствата” извршени за време на „диктатурата” на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

– Барам да се формира меѓународен суд, кој ќе ги истражи злосторствата на диктатурата на Лукашенко во минатото и во текот на изборите во 2020 година, изјави денеска Тихановскаја во чешкиот Сенат, без да изнесе повеќе детали за својот предлог.

Таа во Прага се сретна со чешкиот претседател Милош Земан и со премиериот Андреј Бабиш.

Тихановскаја напомена дека единствено решение за ситуацијата во Белорусија би било одржување на слободни избори со присуство на меѓународни набљудувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот