Тиери Анри беше гостин во Сараево: Јадев ќебапи, ми се допаѓа и фолк-музиката

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Француската легенда, Тиери Анри има успешен почеток на селекторската позиција на младинската репрезентација на Франција. Едно од најголемите фудбалски имиња на Франција веднаш влезе во победнички ритам со надежите на Франција.

Посебно во фокусот на вниманието сега беше гостувањето на Анри во Босна и Херцеговина. Имено, сопругата на Анри, Андреа Рајачиќ е родена во Сараево.

„Гостувањето го искористив и да ги видам родителите на сопругата, седевме и јадевме ќебапи, тоа е традиција тука. Ја познавам културата на БиХ и секако ја почитувам. Исто така ми се допаѓа и фолк-музиката, не знам да играм, но мелодиите се одлични“, изјави Анри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот