18.8 C
Скопје

Тие се совршено легло на бактерии: 5 предмети во домот кои треба секојднево да ги дезинфицирате!

Малкумина се свесни за тоа дека на овие пет предмети во домот се собираат најмногу бактерии и нечистотија…

Дали некогаш сте се запрашале кои предмети во вашиот дом имаат најмногу бактерии? Одговорите сигурно ќе ве изненадат. Малкумина се свесни за тоа дека овие предмети имаат најмногу бактерии и нечистотија на нив, а резултатите од истражувањето покажаа дека во секој дом постојат 5 предмети кои треба редовно да се дезинфицираат:

Сунѓер

На еден суѓер може да се најдат повеќе од 300 видови различни бактерии. За да ја минимализирате штетата, менувајте го сунѓерот секоја недела, а во меѓувреме зовријте го во вода, или пак потопете го во избелувач.

Садопер

Фото: Профимедиа

Бактериите не се наоѓаат само на површината на садоперот, туку и во одводните цевки. Важно е два пати месечно да направите детално чистење на садоперот и цевките.

Мобилен телефон

Површината на мобилниот телефон е полна со бактерии кои не ги гледате. Според истражувањата, на еден мобилен телефон во просек живеат околу 16 илјади бактериии. За да го спречите нивното штетно дејство по здравјето, почесто мијте ги рацете и повремено дезинфицирајте го телефонот со алкохол.

Даска за сецкање

Фото: Профимедиа

Пластичните даски се сметаат за најбезбедни бидејќи може да се третираат со било кое средство за дезинфекција. Дрвените даски треба редовно да ги попарувате со жешка вода, да ги триете со сода бикарбона и да ги сушите на свеж воздух.

Далечински управувач

На површината на вашето далечинско се наоѓа неверојатна количина на бактерии. Барем еднаш дневно избришете го овој предмет со алкохол и памук.

Поврзани вести

Ова се симптомите на меланом, а на еден речиси никој не обрнува внимание!

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 22 јуни: Сфатете дека радоста е во малите нешта

Слободен Печат

Прием во лудница

Слободен печат

На денешен ден – 22 јуни

Слободен Печат

ВИДЕО | Познатиот југословенски киоск К67 беше поставен на Тајмс сквер во Њујорк: Но, дали светот знае за неговата културолошка историја?

Слободен Печат

Најмоќната деловна жена во светот: Шерил Сандберг прозборе за дескриминацијата на жените во пандемијата

Слободен Печат

Остави Коментар