Тие ги знаат најскриените тајни: Што открија дадилките на Анџелина Џоли и на Мел Б (ФОТО)
Мел Б и бившиот маж сексуално ја искористувале дадилката
Лореин Жил, дадилката на Мел Б и Стивен Белафонте раскажува дека ги запознала во холивудски ресторан, а тие ја поканиле во нивниот стан за да имаат секс во тројка.
„Додека бев вработена кај нив имавме сексуална врска. Често спиевме заедно, понекогаш повеќепати неделно, а понекогаш поминуваа неколку месеци без сексуален однос. Некогаш таа го викаше Стивен да ни се придружи, а некогаш бараше ние двајца да водиме љубов. Таа често снимаше и некогаш ни се придружуваше. Никогаш не спиев со Стивен без нејзина дозвола или покана“, пишува во тужбата што ја подигна Лореин Жил како одговор на Мел Б која ја обвини за распад на нејзиниот брак.
Ја чувала Анџелина додека била дете: Осамено и трауматично детство
Дадилката Крисан Морел, која ја чувала Анџелина Џоли додека била дете, проговори за медиумите за тоа какво било детството на глумицата.
„Одлучив да проговорам бидејќи сакам да и пратам порака на Анџелина, многу се грижам за неа. Сакам да и кажам да не ги користи децата како оружје во разводот, да не прави чудовиште од нивниот татко. Како резултат на такво нешто и таа имаше осамено и трауматично детство“, раскажува дадилката.
Анџелина и нејзиниот брат Џејмс ги чувале дадилки, а глумицата била проблематично дете. На крај нејзината мајка веќе не ни живеела во станот во кој живеела Анџелина. Наводно Џоли била во станот со нејзините шест дадилки.
Во 2016 година таа ја повика Џоли да ја заврши војната со Бред Пит, кого, како што рече, го малтретира, користејќи ги децата како оружје. Морел раскажа дека истото му го правела и мајката на Анџелина, Маршелин Бертранд на нејзиниот татко Џон Воит.