Ти-Џеј Шортс и Телком Бон носители на ждрепката за четвртфиналето во ФИБА Лигата на шампионите

По одигрувањето на шестото коло од вториот сегмент од групната фаза, познати се и осумте клубови-четвртфиналисти во ФИБА лигата на шампионите.

Последниoт круг од ТОП 16 фазата, ги промовира екипите на Телеком Бон, за кој настапува македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, Хапоел Ерусалим, Тенерифе и Уникаха како победници на четирите групи. А воедно и носители пред ждрепката со која ќе се формирата четвртфналните двојки, планирана за 24. март во Минхен.

Можни противници во битката за „фајнал-фор“ турнирот од најсилното натпреварување во рамките на ФИБА, им се екипите на АЕК, Манреса, Стразбур и Мурсија, кои завршија како второпласирани.

Ти-Џеј Шортс и неговите соиграчи ќе ја имаат предноста на домашниот терен на првиот меч од четвртфиналето кој ќе се игра на 4.април. Наредниот натпревар ќе се игра на теренот на послаборангираните екипи, на 11 односно 12 април, а евентуалните „мајсторки“, ако за тоа биде потребно, на програмата се на 18 и 19. април.

Победниците во четвртфиналето ќе се пласираат на финалниот турнир чиј домаќин-организатор ќе биде одреден пред крајот на април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот