ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира согласно резултатите од пописот

Партијата за движење на Турците (ТХП)
Партијата за движење на Турците (ТХП)

Партијата за движење на Турците (ТХП) по објавување на резултите од Пописот 2021 бара законот за употреба на јазици да се имплементира соодветно податоците од пописот.

– ТХП од самиот почеток со будно око го следи процесот на попис. Задоволувачки факт е што после две декади Република Северна Македонија успеа прилично успешно да ја комплетира оваа обемна статистичка операција преку која добивме доста клучни демографски податоци со кои ќе развиеме попрецизни и реални политики. Првичните анализи покажуваат дека во општините Карбинци, Конче и Василево бројот на граѓаните од турската заедница е над 20%, со што се овозможува службена употреба на турскиот јазик и писмо во рамките на локалната власт, регулирано според Законот за употреба на јазиците. ТХП апелира до овие општини без никакви одлагања да ги почитуваат законските обврски, а исто така во духот на едно општество, по примерот на општините Кичево, Чаир, Гостивар, очекуваме добра волја за службена примена на турскиот јазик и од локалните власти на општините Долнени, Дебар, Радовиш и Валандово во кои процентот на граѓаните од турската заедница прилично се зголемува, се вели во реакцијата на ТХП.

ТХП според добиените податоци од пописот очекува подобрување на правичната и соодветната застапеност на турската заедница, отворање на паралелки на турски мајчин јазик во повеќе број средини.

– Исто така очекуваме пописот да придонесе за зголемување на демократскиот капацитет и вредности на целокупното општество, како во иднина би се елиминирале актуелните недостатоци и слабости на попишувачкиот процес, наведуваат од ТХП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот