„Битлси“ ќе се изучуваат во склоп на магистерски студии на Универзитетот во Ливерпул

Profimedia
Фото: Профимедиа

Универзитетот во Ливерпул, вчера објави дека ќе ја започне првата студиска година во која студентите ќе имаат можност да ги изучуваат „Битлси“ и нивното влијание врз музиката и општеството.

Магистерскиот курс наречен „The Beatles: Music Industry and Heritagе“ ќе го проучува влијанието на култната група врз популарната музика и култура, рече водачот на програмата.

Profimedia
Profimedia

Курсот кој ќе започне во септември е наменет за луѓе „кои моментално работат или размислуваат за кариера во музичката и креативната индустрија“, рече потпаролот на универзитетот.

Материјалот ќе вклучува анализа на улогата на групата во музиката, креативните индустрии и пошироките области како што се туризмот и културното наследство.

Апсолутно сум воодушевена што можеме да воведеме официјално истражување на „Битлси“ на Одделот за музика на Универзитетот во Ливерпул и Институтот за популарна музика“, изјави менаџерката на програмата Холи Теслер.

Д-р Мајк Џоунс, член на „Beatles Legacy Group“ која се обидува да ја утврди економската вредност од влијанието на „Битлси“ за туризмот и економијата на Ливерпул, вели дека овие магистерски студии ќе ги истражуваат „длабоките, значајни и трајни врски“ помеѓу бендот и градот.

Студентите на постдипломските квалификации, исто така, ќе разгледуваат како влијанието на бендот се реплицира во различни места, индустрии и контексти низ целиот свет, велат од универзитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот