ТФТ со пресврт против Златибор закажа ,,мајсторка” во АБА2
Кошаркарите на ТФТ забележаа голема победа над Златибор со 87-79 во вториот натпревар од плејофот во АБА2-лигата, иако во текот на мечот се соочија со негатива од 18 поени (31-49).
Препорачано
Македонскиот тим не го започна најдобро натпреварот и првата четвртина ја загуби со 14-21. Златибор продолжи со сигурна игра и во вториот период, па на полувремето замина со убедлива предност од 49-33.
Сепак, во второто полувреме ТФТ покажа сосема поинакво лице. Домашните кошаркари ја подигнаа играта, постепено ја намалуваа разликата и во третата четвртина целосно ја стопија негативата, а во еден момент и поведоа со 60-59.
Во последниот период се водеше израмнета борба, но ТФТ во клучните моменти презеде целосна контрола, направи серија на поени и на крајот заслужено стигна до триумф од 87-79.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
46мин
-
3час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


