Фото: ТФТ

ТФТ го прегази босански Студент и направи голем чекор кон плеј-офот за АБА лигата

Кошаркарите на ТФТ одиграа одличен натпревар и со убедливи 107-79 го совладаа босанскиот Студент во рамки на 7. коло од АБА 2 лигата, правејќи значаен исчекор во трката за пласман во плејофот и борбата за влез во елитното регионално натпреварување.

Гостинскиот тим од Босна и Херцеговина практично немаше што да бара на паркетот. Иако Студент го отвори натпреварот со почетно водство од 7-0, тоа беше и нивниот единствен добар момент. ТФТ многу брзо направи серија од 18-0 и од тој период натпреварот одеше само во една насока.

Домашниот тим ја најави победата уште до паузата, кога на семафорот стоеше 50-32. По враќањето од соблекувалните, сценариото не се промени, ТФТ продолжи да доминира, па единствено прашање беше со колкава разлика ќе ја потврди победата, која на крајот изнесуваше убедливи плус 28.

Најефикасен во редовите на ТФТ беше Гордон со 24 поени, дополнети со четири скока и една асистенција. Стенли постигна 17 поени, додека Ташовски заврши со 16. Кај Студент, најмногу се истакна Хреља со 17 поени, пет скока и три асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот