Фото: mkd.basketball

ТФТ е првиот полуфиналист во Купот

Кошаркарите на ТФТ не ја повторија ланската грешка, дојдоа денеска до сигурен триумф во мечот со Феникс 2010 (98:71) во четвртфиналето од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Екипата на Феникс 2010 имаше подобар почеток во воведниот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија. Во раната фаза од мечот Феникс 2010 поведе со 17:10, за првиот период да биде затворен со нешто пониски 22:19.

Условно земено, гостинската екипа имаше предност (28:27), и на средината од втората четвртина. Но и тајм-аутот кој го зема тренерот Денис Дервишевиќ, не донесе прекина на серијата на поени на ТФТ. За неполни две минути ТФТ поведе со 33:28.

Затоа, за кратко време, Дервишевиќ мораше да го потроши и втората минута предвидена за одмор и совети како понатаму. Но ТФТ, кој пред натпреварот и важеше за фаворит, поведе и со 38:31. А одличната втора четвртина „црно-белите“ ја завршија со 27:12, за убедливо водство (46:34).

Во вториот дел од првото четвртфинале, работите си дојдоа на своето место. Како одминуваа минутите, така фаворитот градеше водство кое се покажа како недостижно за кошаркарите на Феникс 2010. По одличното прво полувреме, Дејвис заврши со 17 поени (плус четири скока и три додавања), исто толку имаше и Зафиров, Ташовски имаше 12 поени, а по 10 дадоа Гордон, Иванов и Стојаноси.

А. Стојановски даде 16 поени (и шест скока), Рахама реализираше 14 поени (имаше и шест скока), Метјус запиша 11 поени, а Дајсон уште 10 за екипата на Феникс 2010.

Во полуфиналето екипата на ТФТ ќе го чека подобриот од дуелот во кој од 19.30 часот ќе играат екипите на Пелистер и МКК Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот