Фото: лична архива Беким Ахмеди / Порталб

Тетовец спасувал животи во Осло, влегол во зграда што гори

Кога од соседната зграда во Холмлија, јужно од Осло, почнал да се крева црн чад, Беким Ахмеди од Тетово и Норвежанецот Магнус Кевин Стриге тргнале да им помогнат на своите соседи, објави ВГ.но.

Како што пренесе Порталб.мк, 29-годишниот тетовец во неделата слушнал вресоци кои доаѓале од соседната зграда и веднаш го зел противпожарниот апарат и се упатил кон зградата од која излегувал чадот.

„Кога стигнав таму, насекаде видов многу чад. На почетокот мислев дека гори стан, но пожарот беше во ходникот“, изјавил Ахмеди за ВГ.

Напомош притрчал и 26-годишниот Магнус Кевин Стриге. Двајцата млади луѓе заедно ја отвориле вратата од зградата и се обиделе да го изгаснат пожарот.

„Си рековме еден на друг: Да земеме еден длабок здив. Потоа го направивме тоа заедно“, изјавил Стриге.

Двајцата легнале на стомак и почнале да лазат кон огнот, низ чадот. Беким вели дека немал време да размислува за ништо друго освен за луѓето што живеат во зградата.

„Таму има многу семејства и деца. Мора да се реагира брзо за да го спречите. Мојата единствена мисла беше само да се обидам. Во тие моменти не размислуваш многу. Едноставно правиш што можеш“, рече Ахмеди.

И Ахмеди и Стриге имале тешкотии со дишењето и сега се задржани за наблудување во болницата Улевал.

Полицијата била известена за пожарот во 16:05 часот, по што полицијата, пожарникарите и медицинските служби биле испратени во Холмлија. По пожарот во болница биле однесени 16 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот